Ердоган: Турската Армија започна операција против ПКК во северен Ирак

Facebook
Twitter
Email
Print

Турската Армија започна воена операција против силите на Курдската работничка партија (ПКК) во реоните на Кандил и Синџар во северен Ирак, соопшти денеска претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

 

Говорејќи на митинг во градот Нигде во пресрет на претседателските и парламентарните избори на 24 јуни, Ердоган нагласи дека околу 20 авиони на турското Воено воздухопловство уништиле 14 објекти на „терористичката организација ПКК“.

 

„Наша цел е да ја исушиме калта на терористите. Нашите воени единици продолжуваат да напредуваат во северен Ирак“, нагласи Ердоган.

 

Турскиот претседател истакна дека сите оние што ја напаѓаат Турција „ќе си го добијат тоа што го заслужуваат“.

 

„Теористите ќе платат за пролеаната крв на наште херои маченици. Досега само во Африн уништивме над 4.500 терористи. Сега започнавме операција во Кандил и Синџар. Тоа го ветивме и сега го исполнуваме“, истакна Еродган во обраќањето.

 

Турската армија заедно со сојузничките сириски бунтовнички групи на 20 јануари почна воена операција против Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на Африн. Кон крајот на март турските сили презедоа контрола врз градот и од ренот ги протераа курдските сили.

 

Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на ПКК, која од 90-те години на минатиот век се бори за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи