Паднаа првите затворски казни за нападот на пратеникот Зијадин Села

Три години затвор за Стојан Павлевски и 1 година и два месеци за Цејо Георгиевски, поради насилство врз лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, во крвавата ноќ на 27 април минатата година.

 

Судијката Славица Андреевска рече дека разликата во изречената казна меѓу двајцата обвинети се заснова на фактот што Павлевски е прв кој влегол во Собранието и се упатил кон пратениците. По изрекувањето на одлуката, Павлевски рече дека на 27-ми април го спасил Села, велејќи дека казната е висока, најавувајќи жалба.

 

Претходно, за двајцата обвинети Павлевски и Георгиевски, Обвинителството го преквалификуваше случајот од обид за убиство – во насилството, по што обвинетите на претходното рочиште ја признаа вината. Судењето за уште седум други обвинети за обид за убиство на Села продолжува на 2 и 5 јули, кога се очекува да бидат кажани завршните зборови.

 

За обид за убиство одговараат Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien