ВИДЕО – Потребна е поголема поддршка и промоција од државата за родната куќата на Блаже Конески

Родната куќата на Блаже Конески се наоѓа во селото Небрегово, Општина Долнени, на околу 18 км. од Прилеп. Таа е реконструирана и официјално пуштена во употреба како музеј на 1 август 2005 година. Главен иницијатор за изградба на овој спомен дом е прилепчанецот Миле Спирковски. Куќата во изминатиов период е посетувана од голем број посетители како од земјава така и од странство.

 

Во Спомен домот може да се види поставката за творештвото на Конески и една уникатна етнолошка поставка. Блаже Конески е рангиран помеѓу тројцата најзначајни Македонци во, 20 век, веднаш зад Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков. Конески има освоено голем број домашни и меѓународни награди. Тој бил член и на повеќе научни академии и почесен доктор на повеќе универзитети во голем број држави.

 

Ретко кој знае дека во почетокот на 90-тите години кога Македонија се стекна со независност и сувереност на банкнотата од 1.000 денари беше ставен ликот на Блаже Конески. Банкнотата беше изработена и испечатена во прилепската печатница, но за жал од непознати причини таа беше повлечена и никогаш не ја виде светлината на денот.

 

Токму поради големината на Конески, Спирковски заедно со Музејот од Прилеп имаат поднесено иницијатива до Министерството за образование. Куќата на Конески да влезе во редовните училишни екскурзии, Спирковски се надева дека оваа иницијатива наскоро ќе биде реализирана.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien