Бразилците удрија по Нејмар: Арогантен егоист, апсолутна катастрофа

Откако петкратниот светски првак Бразил непријатно изненади со ремито 1-1 синоќа против Швајцарија, медиумите во најфудбалската земја на светот ги распнаа ѕвездите на „кариоките“, не штедејќи критики за лошата игра на мечот.

 

Медиумите не штедеа никого, а најмногу на удар беше првата ѕвезда Нејмар, од кого се очекуваше многу повеќе, но на крај остана запишано дека беше само најфаулираниот фудбалер на мечот.

 

„Нејмар беше вистинска катастрофа. Одигра неприфатливо лошо и мораше да биде заменет. Бразил има доволен колективен квалитет да може да победува, а Нејмар беше решен сам да ја донесе таа победа. Во ред, ако е оправдување, дека неодамна се врати на терените. Но, Нејмар не направи ништо за тимот. Подобро ќе беше место него да влезе Даглас Коста, а и не знам зошто тоа и не се случи“, рече за „ЕСПН“, Арналдо Рибеиро.

 

„Глобоеспорте“ на Бразилците им даде едвај 5,5 оценка, па напиша:

 

„Злоупотреба на индивидуалните претстави. Ова беше далеку од нивото кое Бразил го покажа на последните два меча. Со глава играше само на крајот на мечот“, пишува „Глобоеспорте.

 

Освалдо Паскоал од бразилски „ФОКС“, како и Рибеиро остана зачуден зошто Даглас Коста не добил шанса на мечот.

 

„Начинот на кој Нејмар играше беше вулгарен. Неверојатно е што Тите не му даде шанса на Коста“, рече Пасквал.

 

„Весникот „О Темпо“, пак, ги наведе сите грешки на Бразилците, а посебно тие на Нејмар и заклучи дека единствен виновник за ремито е токму првата ѕвезда на „кариоките“.

 

На крајот, бившиот репрезентативец Зе Елијас, кој играше за националниот тим од 1995 до 1999 година исто така удри по Нејмар.

 

„Егоизам, многу грешки… Нејмар како заборави да игра за тимот. Премногу ја држеше токата во нозе“, рече Зе Елијас.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien