Солзавец и шок бомби во Скопје, повредени и приведени на синоќешните протести

Синоќа во Скопје, за време на протестот пред Собранието на Македонија поради потпишувањето на договорот помеѓу министрите за надворешни работи и премиерите на Македонија и Грција во Нивици, дојде до судири помеѓу полициските сили и демонстрантите.

 

Голема група граѓани пред Собранието се судрија со полицијата по што таа испука солзавец и шок бомби за да ја растера групата која ја растргна оградата и ги нападна полицајците. Полицијата во акцијата употреби и окопни транспортери.

Седум полицајци и двајца цивили завршија во Ургентниот центар со полесни повреди. Полицајците се здобиле со исеченици или повреден скочен зглоб, а цивилите, кои се жени, се со рани од експлозивни направи.

Од МВР информираа дека 25 лица се приведени.

 

„Министерството за внатрешни работи потенцира дека го почитува правото на мирен протест, но нема да дозволи употреба на сила и насилен упад, како и нарушување на јавниот ред и мир. Министерството апелира на демократски начин на изразување на јавното мислење“, се вели во нивното соопштение.

 

Демонстрантите беа организрани преку социјалните мрежи, а како и во претходните вечери меѓу нив имаше членови на спортски навивачки групи.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien