Уапсен пратеникот на „Златна зора“ кој повика на воен удар

Пратеникот на грчката неофашистичка партија „Златна Зора“, Константинос Барбарусис е уапсен утринава во Атина.

 

Како што пишуваат грчките медиуми, пратеникот е уапсен од страна на антитерористички полициски сили во градот Пентели, во куќа на свој пријател.

 

Барбарусис се бараше за две кривични дела – повик за државен удар и насилен прекин на демократијата и убиство врз пратениците. Пратеникот успеал да и побегне на полицијата во петокот вечерта, кога  не застанал на полицискиот знак, туку со брзина од најмалку 180 км ја поминал патролата и избегал.

 

Со одлука на лидерот на Златна Зора, Никос Михалољакос и со согласност од пратеничката група, пратеникот Константинос Барбарусис е избришан од партијата поради неговиот став изнесен од собраниската говорница кога ја повика војската да ги уапси Ципрас, Каменос и Павлопулос.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien