Данев: Договорот со Грција е современ геноцид и капитулација на Македонија

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, денеска во Собранието  истакна дека договорот е штетен и претставува капитулација на Македонија.

 

„Ова е капитулација, договорот е современ геноцид на нашето постоење. Тој е едностран, Македонија прифаќа ултиматум. Со спогодбата се наметнува ново име на државата под уцена, спротивно на повелбата за самоопределување“, рече Данев од говорница.

Во соопштение пак на партијата се реагира дека жална е сликата како пратениците на СДСМ се обидуваат да го бранат капитулантското дело на Зоран Заев.

 

„Овој договор е производ на изборна измама на Зоран Заев и криминалниот картел кој го води. Заев пред избори ветуваше дека нема да прифати промена на Уставот, сега гледаме дека не само што прифатил промена на Устав, туку и многу повеќе од тоа. Заев ја разградува државата. Пратениците на СДСМ се ставени да аминуваат криминал и противуставен договор. Насилното туркање на овој договор во Собранието преку кршење на законите и процедурите е недозволиво и уште еден чин во низата незаконитости кои СДСМ и Заев ги преземаа во изминатиот период. Потценувачки за Република Македонија е со меѓународен договор да се менува Уставот на државата и задира во идентитетот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien