Зошто Фонте не смееше да го прослави погодокот со Роналдо?!

Ѕвездата на португалската репрезентација Кристијано Роналдо постигна еврогол од слободен удар пред крајот на натпреварот против Шпанија и на тој начин донесе бод на својот тим во првото коло од групната фаза.

 

Логично, сите соиграчи на Роналдо беа воодушевени од погодокот и тргнаа во прослава со него, но еден не смееше да го направи тоа.

 

Се работи за Фонте, а причината зошто тој не смееше да го прослави погодокот во друштво на соиграчите е сосема едноставен. Со оглед на тоа дека сите негови соиграчи излегоа надвор од теренот во текот на прославата, Фонте мораше да остане на теренот бидејќи во противност Шпанија можеше да тргне од центарот и евентуално да постигне погодок.

 

На снимката од трибините јасно се гледа како останатите соиграчи му сугерираат на Фонте дека не смее да им се придружи и да остане на теренот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien