„ЛУНА ТРИНИТИ“ го промовираше проектот „Над разликите“ пред претставници од основните училишта во Прилеп

Здружението ЛУНА ТРИНИТИ Тренинг центар за личен развој, комуникација и советување – Прилеп во склоп на проектот „Над разликите“ на 18 и 19 јуни 2018 година во големата сала на општина Прилеп одржа два состаноци со претставници од основните училишта на општина Прилеп на тема „Поттикнување на процесот на соработка во насока на промоција на активностите на интегрирано образование“.

 

Проектот е поддржан од Здружението Мировна акција Прилеп/Тетово во партнерство со Центарот за мировни студии од Загреб во рамки на проектот „Поддршка на процесот на интегрирано образование во училиштата” кој што е финансиран од Делегацијата на Европска унија и ЦИВИКА Мобилитас.

 

 

 

 

„На овие состаноци присутните претставници направија презентации на добрите практики во имплементирањето на активностите од интегрираното образование и започнаа со изработка на план за акција за заеднички активности за промоција на Меѓуетничка интеграција во образованието. Една од основните иницијативи на овие состаноци беше креирањето на координативно тело составено од претставници на училишните тимови кои би работеле заедно за организирање на заеднички настани на ниво на Општина Прилеп за промоција на Меѓуетничка интеграција во образованието“, велат од Здружението ЛУНА ТРИНИТИ.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien