„Бластерот“ на Хан Соло продаден за 550 000 долари

Популарниот „бластер“ што го користеше Харисон Форд во улогата на Хан Соло во култниот ,,Војна на ѕвездите” е продаден за 550.000 долари на аукција во Њујорк.

 

Станува збор за еден вид пиштол, направен главно од дрво, кој во изминатите 30 години беше во сопственост на сценографот на филмот Џејмс Шоп, кој за својата работа беше номиниран за Оскар во 1984 година. Тој го продаде и „лајтсејберот“ , кој го користеше Марк Хамил во првите два продолжетока на ,,Војна на Ѕвездите “ за неверојатни 450.000 долари.

 

Шоп на аукција понуди и други четириесетина предмети поврзани со легендарниот филм. Меѓу предметите е и евокс секирата, која достигна цена од 11.250 долари.

 

Сепак најскапо продаден предмет поврзан со ,,Војна на ѕвездите” е друидот R2-D2 , кој минатата година на аукција во лос Анџелес е продаден за 2,76 милиони долари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien