Македонија во група со Шпанија и Хрватска во Минхен на СП во ракомет

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ги доби ривалите од групата на Светското првенство што во јануари следната година ќе се оджува во Германија и во Данска. Македонските ракометари ќе играат во групата Б во Минхен, задено со европскиот првак Шпанија, Хрватска, Исланд, Брунеи и Јапонија.

Во А групата во Хамбург ќе играат: Франција (светски првак), Русија, Германија (ко-домаќин), Србија, Бразил и Јужна Кореја.
Дуелите од Ц групата ќе се играат во Хернинг, а составот е: Данска (ко-домаќин), Норвешка, Австрија, Тунис, Чиле и Саудиска Арабија.
Д групата ја сочинуваат: Шведска, Унгарија, Катар, Аргентина, Египет и Ангола, а натпреварите ќе се играат во Копенхаген.

 

 

Светското првенство на програмата е од 9 до 27 јануари,  а натпреварите ќе се играат во Берлин, Минхен, Копенхаген и Хернинг. Финалниот натпревар е закажан за во Хернинг.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien