Сингапур потрошил 12 милиони долари за самитот Трамп- Ким

Сингапур, кој беше домаќин на неодамнешниот самит на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун, потрошил 12 милиони долари за тој настан, најмногу за безбедноста.

 

Претходно беше наведено дека за самиот на сингапурскиот остров Сентоса, биле потрошени 20 милиони долари,  што предизвика критики во таа земја.

 

Маркетинг експертите веруваат дека публицитетот на тој состанок десет пати повеќе ќе му се исплати на Сингапур.

 

Трамп и Ким се сретнаа на 12 јуни, со цел да го договорат процесот на денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien