Дипломатски клуб: Иванов ја уништува дипломатијата

Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб – Скопје расправајќи за актуелните прашања од надворешната политика и дипломатијата на Република Македонија, констатира дека постои блокада во професионалниот развој на дипломатската структура како во Министерството за надворешни работи, така и во несоодветното претставување на земјата во странство.

 

„Евидентно е дека заради блокадата за неименување на шефови на Диломатско-конзулрните претставништва на Република Македонија во странство од страна на претседателот Ѓорге Иванов, несоодветно се претствуваат, афирмираат и бранат интересите на Република Македонија. Ова е особено индикативно кога треба максимално да се вложат напори за финализирање на интегрирањето на државата во европските и евроатланските структури“, соопшти Дипломатскиот клуб.

 

 

Дипломатско искуство и практика, се додава во соопштението, е дека пренесувањето на инструкциите од МНР до највисоките нивоа на креаторите на надворешната политика во секоја држава е најефикасно кога се пренесуваат од страна на акредитираните амбасадори. Актуелно празни се 20 позиции на амбасадори на Република Македонија во странство заради неноминирање на амбасадори од страна на претседателот Иванов и покрај серијата предлози што до него ги има доставено Владата на РМ.

 

„Со таквиот однос на Иванов доаѓа до уназадување на нивото на односите на Република Македонија со државите со кои сме потпишале и договори за отворање на амбасади со именување на амбасадори. Воедно со овој однос директна штета трпат позицијата и угледот на Република Македонија во светот, блокирани се најзначајните политички, економски и културни иницијативи за развој на вкупните односи на заинтересираните субјекти и граѓани со нивните партнери во светот, а се блокира и природното унапредување и професионален развој на дипломатите во Министерството за надворешни работи на РМ“, се потенцира во соопштението од Дипломатскиот клуб.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien