Една жртва и 30 повредени во железничка несреќа во Австрија

Едно лице загина, а околу 30 се повредени во железничка несреќа кога воз излета од шините на локална железница во Австрија, во градот Герерсдорф, соопштија службите за безбедност.

 

Според портпаролот на противпожарната служба во Долна Австрија, два вагони во кои имало 80 патници, излетале од шините, додека третиот вагон останал на шините.

 

Според австриската новинска агенција АПА, тројца патници се здобиле со тешки повреди, а има уште 27 други повредени, од кои повеќето се деца.

 

На местото на несреќата има огромно присуство на службеници од итната медицинска помош и на полицијата, а најтешко повредените веднаш биле префрлени во локалната болница.

 

Возот му припаѓа на Маријазелербан, локална железничка пруга, и патувал кон Сент Пелтен. Полицијата засега не ја објавува причината за несреќата, но „Хојте“ пренесува дека се работи за судар на два воза.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien