Жажа ја освои титулата на најгрдо куче во светот

Деветгодишната женка булдог Жажа ја освои престижната награда Најгрдо куче во светот за 2018 година на натпревар што се одржа во саботата.

 

Долгиот јазик на Заза, што на моменти стигнува до земјата, збрчканото лице, но и лакираните нокти го импресионирале жирито на натпреварот во Петалума, во Калифорнија.

 

Титулата „најгрдо“ вообичаено звучи… грдо, но тоа воопшто не ги обесхрабрува сопствениците да ги кандидираат своите кучиња за годишната изложба. Напротив, тие се гордеат со своите миленици, а натпреварот е прослава на искрената љубов и доказ дека „педигрето не го прави кучето“.

Вообичаено учествуваат кутриња спасени од стационари, од мешани раси без педигре, а самиот натпревар промовира вдомување миленичиња.

 

Во финалето оваа година учествуваа 13 кучиња што се истакнуваа со физички несовршености – со висната кожа, со различни бои на очи, без сите заби или разбушавени. Од нив беше издвоена Жажа, која пет години била во стационар во Мисури, а потоа била згрижена во Анока во Монтана.

 

„Кога ја видов на фотографија, едноставно знаев дека морам да бидам со неа. Толку е грда што е прекрасна“, вели нејзината сопственичка Меган Брејнард, што на миленичето ѝ го дало името на гламурозната холивудска ѕвезда.

 

Жажа доби награда од 1.500 долари и голем розев трофеј, во присуство на ланската шампионка, збрчканиот неаполски мастиф Марта. Претходната година победи разбушавената чивава Свипи Рамбо. Нејзниот сопственик тогаш се пофали: „Сите мои девојки ѝ беа љубоморни на Свипи“.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien