Напад врз холандски „Де Телеграф“: Комбе влета во влезот на редакцијата

Непознат маж утрово со комби влетал во амстердамската редакција на најтиражниот холандски весник „Де телеграф“, по што избувнал пожар, јавија западните новински агенции. Загинати или повредени нема.

 

Според полицијата, комбито го скршило стаклениот излог на редакцијата, влегло внатре и се запалило.  Холандски медиуми јавуваат дека дека патеката по која се движело комбето покажува дека возачот намерно удрил во зградата, што значи се работи за напад, а не за сообраќајна незгода.

 

Главниот уредник на весникот Пол Јансен, наведува дека наводно тоа бил намерен напад.

 

„Сите работи укажуваат дека станува збор за напад, но ние нема да дозволиме да нè заплашат“, рече Јансен.

 

Возачот успеал да избега со црно ауди и сè уште е во бегство.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien