Марадона: Имаше бело… ама вино

Аргентина синоќа конечно победи на Мундијалот во Русија и се пласираше во 1/8 финалето. Но и покрај победата над Нигерија (2-1), моментот и вниманието со своето шоу го украде Диего Армандо Марадона.

 

Легендата на „гаучосите“ беше во елемент, го повикуваше господ, едно време задрема во ложата, потоа прослави со покажување на среден прст, а на крај со придружба беше изнесен од стадионот откако му се слоши.

 

Со своја изјава на социјалните мрежи се огласи и Марадона, кој објасни што се случувало.

 

„Сакам да ви кажам дека сум добро, дека воопшто не бев хоспитализиран. За време на полувремето на мечот со Нигерија, многу ме болеше вратот и ми се слоши. Ме прегледа еден доктор и ми препорача да си заминам дома и да не го гледам вториот дел. Но, јас сакав да останам, ризикувавме се на овој натпревар, како можев да си заминам? Ви испраќам бакнеж на сите и ви благодарам за поддршката“, порача Марадона.

 

Castellano | Italiano | Inglés Quiero contarles que estoy bien, que no estoy ni estuve internado. En el entretiempo del partido con Nigeria me dolía mucho la nuca y sufrí una descompensación. Me revisó un médico y me recomendó que me fuera a casa antes del segundo tiempo, pero yo quise quedarme porque nos estábamos jugando todo. ¿Cómo me iba a ir? Les mando un beso a todos, perdón por el susto y gracias por el aguante, hay Diego para rato! Voglio solo dirvi che sto bene, che non sono e non sono stato ricoverato. Durante l’intervallo della partita con la Nigeria ho avuto un forte dolore alla nuca e un mancamento. Un medico mi ha visitato e mi ha consigliato di tornare a casa prima del secondo tempo, ma ho deciso di rimanere perché ci stavamo giocando il tutto per tutto. Come sarei potuto andarmene? Un bacio a tutti e grazie per il supporto… Diego ci sarà ancora per un bel po’! I want to tell everyone that I am fine, that I am not, neither was I interned. In the halftime of the game against Nigeria, my neck hurt a lot and I suffered a decompensation. I was checked by a doctor and he recommended me to go home before the second half, but I wanted to stay because we were risking it all. How could I leave? I send a kiss to everyone, thanks for the support!

A post shared by Diego Maradona Oficial (@maradona) on

 

Во јавноста веднаш започнаа шпекулациите дека ваквата ситуација на Марадона е предизвикана од дрога, а Марадона се огласи и шеговито порача дека имало бело, но само вино.
„Се е во ред, адреналинот проработи. Вечеравме, јас сакам црвено вино, но беше бело“, искоментира Марадона.
Аргентинецот истакна дека по лекарската интервенција му се смирила состојбата и со приватен авион се упатил кон својот хотел во Москва.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien