Бизарна причина за повредата на Марсело – неудобниот кревет

Левиот бек на бразилската репрезентација, Марсело, синоќа беше повлечен од игра на дуелот против Србија поради повреда на грбот.

 

Марсело беше заменет во 10-та минута од Филипе Луис, а селекторот на Бразил, Тите, после натпреварот изјави дека станува збор за повреда на грбот.

 

Сепак, со оглед на тоа што станува збор за еден од најважните фудбалери на Бразил на Мундијалот во Русија, јавноста со нетпение очекува да дознае повеќе за повредата, а за тоа се обиде повеќе да открие докторот на бразилската репрезентација.

 

„Се уште е рано за било какви дијагнози. Најверојатно лошиот кревет е причината за болките во грбот, односно неудобниот душек во хотелската соба. Нашите очекувања се позитивни, но мораме да почекаме во следните неколку дена. Важно е дека нема повреда, туку имаше грчеви во мускулите. Штом ќе биде подготвен за тренинг, тој ќе тренира и ќе се врати на терените. Значи, не постои период за опоравување“, изјави докторот Родриго Ласман.

 

Марсело беше пресреќен поради победата која неговиот тим ја оствари против Србија, втора на овој Мундијал, а на социјалните мрежи изрази надеж за тоа дека нема да мора да го пропушти следниот натпревар против Мексико.

 

Бразил и Мексико ќе се сретнат во осмина финалето од Светското првенство на 2 јули, со почеток на натпреварот од 16:00 часот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien