„Мамути“ : Во недела одиме на покривот на Европа – Елбрус

Двајцата членови на планинарскиот клуб „Мамути“ од Прилеп, Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски, вчера се сместија во контејнери кај Гарабаши на 3.800 мнв. Претходниот ден имаа лесно аклиматизационо искачување до врвот Пикет 11 кој се наоѓа на 3.370 метри надморска височина. Тие се на чекор од искачувањето на највисокиот врв во Европа – Елбрус.

 

 

„Денеска имавме аклиматизација на 4.600 мнв. Утре одиме на 5.100 мнв, а ќе спиијаме во Пријут на 4.100 мнв. Во сабота имаме слободен ден, а во недела се искачуваме на Елбрус. Се надеваме дека времето ќе не послужи и дека ќе го оствариме она за кое што сме дојдени тука“, рекоа за Инфо Компас од Мамути.

 

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА :

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien