Русија повлекува над 1.000 војници, авиони и хелихоптери од Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Русија повлекла 1.140 воени лица и 13 воени авиони од Сирија во последните неколку денови.

 

„Почнавме да ги повлекуваме нашите сили за време на мојата посета на базата Хмеимим и тоа продолжува. Во последните неколку денови се повлечени 13 воени авиони, 14 хеликоптери и 1.140 воени лица“, истакна Путин.

 

Рускиот претседател ја посети Сирија во декември минатата година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien