Средбата на Путин и Трамп во Хелсинки на 16 ти јули

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се состанат на 16 јули во Хелсинки, соопштија од Кремљ и Белата куќа.

 

Трамп ќе учествува на самитот на НАТО на 11. и 12 јули во Брисел, а потоа ќе се состане со Путин.

 

Трамп на новинарите им рече дека со Путин ќе разговара за војната во Сирија и ситуацијата во Украина.

 

Американскиот претседател веќе нагласи дека сака подобри односи со Русија, а со Путин последен пат се состана за време на азиско-пацифичкиот самит во Виетнам во ноември минатата година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien