Средба Туск – Заев во Брисел

Ова е добра недела за вашата земја и Западен Балкан, министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ го отворија патот за отпочнување на преговори за членство на Македонија во јуни 2019 година, истакна претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, на прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.

 

Туск рече дека напредокот немало да биде можен без ангажманот на македонската влада, притоа истакнувајќи ги договорите со Бугарија и Грција, кои претставуваат пример за другите земји од регионот за тоа како се решаваат меѓусебните проблеми. Тој додаде дека се надева дека земјата ќе остане на тој пат и ќе држи чекор во реформите во клучните области, со цел успешна интеграција.

 

Премиерот Зоран Заев пак изјави дека во срцето на Европа е потврдена новата голема вест дека Република Македонија добива датум за почеток на преговори.

 

„Нашата земја го заслужува тоа, лидерите на ЕУ рекоа дека го заслужуваме тоа. Европскиот совет потврди дека Македонија како заробена држава за една година направи пресврт и е земја на позитивни промени и инклузивност“, рече Заев.

 

Како што рече тој процесот на пристапување не завршува со отворање на поглавјата, туку допрва почнува.

 

„Според досегашните искуства преговорите траат седум или повеќе години. Со оглед на тоа во 2025 година би ги завршиле преговорите за членство, како што предвидува стратегијата. Пред нас има конкретна цел, останува да си ја завршиме нашата задача и гордо да влеземе низ портитиите на ЕУ. Нема назад, верувам ова е шанса и за Брисел. ЕУ не треба да пропушти можност цврсто да вгради уште една алка во синџирот на вредности“, рече Заев на заедничката прес конференција со Туск.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien