ВИДЕО – Започна 44-тиот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Во Прилеп на камената бина на плоштадот „Александрија“ вечерва започна 44-тиот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. На фестивалот денеска и утре ќе настапат околу 250 исполнители на изворни инструменти и песни од цела Македонија. Утре фестивалот ќе продолжи на Рудина кај Долнени. Уметничкиот директор и селектор на фестивалот, професор д-р Родна Величковска вели дека морало да се направи селекцијата од околу 500 пријавени, а задовоство било тоа што изворниот мелос се негувал кај младите.

 

Манифестацијата е финансирана од Министерството за култура, со финансиска поддршка од прилепската локална самопуправа и со логистичка и морална поддршка на општина Долнени. Утре во Долнени е натпреварувачкиот дел. Жири комисијата на Фестивалот ќе ги оценува и ќе ги награди најдобрите настапи. Ќе ги додели Гран при наградата за најдобри учесници и гајдата на Пеце Атанасовски за најдобриот гајдаџија која ја обезбедува Општина Долнени. Лани, за прв пат се изгради амфитеатар на Рудина кај Долнени и се уреди просторот за учесниците.

 

Погледнете како вечерва изгледаше атмосферата на фестивалот во центарот на Прилеп и дел од изјавите на учесниците.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien