ВИДЕО – 82 медали на меѓународните и државните натпревари за Џ.К. „Бушидо“

Џудо клубот „Бушидо“ од Прилеп имаше навистина доста плодна и успешна сезона. Од учеството на сите меѓународни и државни натпревари досега се освоени 82 медали, во нив спаѓаат 3 државни првенства, во нив и едно училишно првенство. Потоа 6 меѓународни натпревари, едно Балканско првенство и еден Европски куп.

 

 

„Сега моментално работиме со двајца репрезентативци на Македонија во постари пионери кои ќе одат на Балканското првенство кое ќе се одржи во јули во Црна Гора и тренираме со една кадетка заедно со уште еден член кои ќе ја претставуваат Македонија и клубот на Европскиот куп кој ќе се одржи на 27 октомври во Словенија, Копар. Секој тренер сака своите членови, сега можам да кажам и мои пријатели да ги види на врвот, сакам да се закитат со европски и балкански медал. Колку ќе го постигнат тоа зависи од нив, затоа што освен со техничкиот тренинг продолжуваат и со кондиционен тренинг кој го имаат во 5 часот наутро. Имаме редовна посета на теретана каде добиваат плус енергија. Техничките тренинзи се најбитни каде ги доусовршуваме техниките. На овие Балкански првенства одат секогаш најдобрите, се надевам дека селекторот на македонската репрезетација направи добар избор и се надевам на резултати. А за Европскиот куп веќе не сме почетници Теодора Ристеска ќе го има 2-риот настап на еден ваков куп, но сепак таму ќе се сретнеме со професионалци кои имаат одлични услови за тренинг, за разлика од нас кои се соочуваме секој ден со потешкотии околу салата, борилиштето и оној потребен мир кој што треба за да се развија еден спортист онака како што треба. Максимално работам со нив, нивната кариера допрва почнува и се надевам дека барем Теодора од девојчињата ќе ги нанижи тие европски медали“, вели Рубин Пеески, тренер на џ.к. „Бушидо“.

 

Рубин Пеески, тренер на џ.к. „Бушидо“

 

Од меѓународните и државните првенства понекогаш членовите на Бушидо се враќаа со 100 процентен учинок, што е навистина за пофалба затоа што џудистите се вложија максимално во сите натпревари и тренинзи досега.

 

„Во март меѓународен џудо турнир Турија, каде освоиивме 10 медали. Меѓународен турнир Пеќ во Косово, 3 медали. Меѓународен турнир во Ниш, 3 медали. Во мај европски џудо куп за кадети каде што Теодора Ристеска го освојува 9-тото место во категорија до 48 кг. Меѓународен турнир во Пеќ, Косово, 7 медали. Државно првенство за кадети и помлади пионери 12 медали. Во јуни државно првенство за постари пионери и јуниори 8 медали, меѓународен џудо турнир Велико Градиште 14 медали, меѓународен џудо турнир Струга Опен 13 медали и последново ни беше државното првенство за џудо од основните училишта каде што клубот освојува 12 медали“, изјави Бојан Митковски, менаџер на џ.к. „Бушидо“.

 

Бојан Митковски, менаџер на џ.к. „Бушидо“

 

Летово моментално се прави мала пауза со поголемот број од членовите на клубот, но од септември се почнува со истото темпо на тренинзии и учество на меѓународни и државни натпревари.

 

„После септември државни првенства ќе имаме за помлади деца и за сениори, потоа ќе има неколку меѓународни турнири тука во Македонија и во Прилеп. Зацртано ни е да имаме еден контролен натпревар во Бјелина, каде настапуваат преку 1.500 натпреварувачи каде лани клубот Бушидо направи голем успех. Ќе имаме и збратимување со џ.к. „Пантер“ од Бјелина, што значи продолжува традицијата. Потоа ќе имаме екипно првенство, каде за прв пат Бушидо ќе ги извади своите кадети и кадетки кои ќе се борат на тој турнир. Таргет до крајот на годината ни е 200 медали. Мислам дека сме едни меѓу првите во Македонија со најмногу остварени медали и излезени надвор од Македонија досега“, додава Пеески, тренер на клубот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien