Го имаме потегот на Мундијалот во Русија!!

Комичен момент се случи на мечот меѓу Англија и Белгија, веднаш по голот на Аднан Јанузај, кој донесе предност и воедно триумф за „ѓаволите“ во дербито во групата на Светското првенство.

 

Офанзивецот на Белгија постигна одличен гол во мрежата на „Гордиот Албион“, а неговиот соиграч Мичи Батчуаји тргна да ја забие топката во голот. Додека се радуваше, силно ја шутна топката, но истата заврши во стативата, а потоа и директно во неговата – глава!

 

 

На Интернет веднаш му фатија сеир на белгискиот репрезентативец, кој по ударот се држеше за главата, а потоа и тој се пошегува на своја сметка, на социјалната мрежа „Твитер“, каде напиша дека измсилил нов начин на прослава на гол.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien