Договорот за името повторно пред пратениците на 5 или на 6 јули

На 5 или на 6 јули ќе биде закажана собраниската седница на која треба повторно да се гласа за Договорот со Грција за името, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери.

 

Потоа, како што кажа тој, доколку по втор пат претседателот на државата не го потпише указот и тоа помине во пракса, ќе се употреби исто решение и за Договорот, но и за Законот за употреба на јазиците. Едно од решенијата е тие да бидат испратени во Службен весник без потпис на претседателот Ѓорге Иванов.

 

Џафери потенцираше дека Собранието мора да ги спроведува своите одлуки и оти сите кои имаат дилеми за законите можат да достават иницијативи до Уставниот суд.

 

Денеска завршува рокот за предлози за членови на ДИК и доколку заседава Комисијата за избори и именувања, Џафери би можел да ја свика седница следната недела.

 

Во однос на референдумот, вели дека доколку се одржи на крајот на септември, тој мора да биде распишан на крајот на јули.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien