ВИДЕО – Заев : Немаме одлучено дали референдумот ќе биде консултативен или обврзувачки, но резултатот ќе биде обврзувачки

Facebook
Twitter
Email
Print

Јас сакам заедно сите политички чинители да одлучиме за оваа работа, со граѓанскиот сектор исто така. Многу е важно дали референдумот ќе биде консултативен или обврзувачки, но она што треба да знаат сите е дека резултатот ќе биде задолжителен. Изјави денеска премиерот Заев во Приилеп.

 

 

„Во делот на референдумското прашање се уште немаме разговарано, немаме свикано состанок за таа работа, затоа што чекаме да завршат процесите во интеграциите, а тоа е пред се 11 и 12 јули, тогаш завршуваат и нашите очекувања за добивањето на поканата од НАТО Алијансата. Веднаш после тоа државата ќе ја отвори дебатата, ќе го утврдиме веројатно и терминот за одржување на референдумот, референдумското прашање, стилот на самиот референдум итн.

 

Веројатно ќе останат роковите крајот на септември, или почетокот на октомври, онака како што дефиниравме. За тоа ќе ни помогне секако и ДИК и другите експерти во парламентот согласно пресметката на процедурите кои што постојат во ваквите постапки, за конечно после да ги донесеме одлуките. Јас сакам заедно сите политички чинители да одлучиме за оваа работа, со граѓанскиот сектор исто така. Многу е важно дали референдумот ќе биде консултативен или обврзувачки, но она што треба да знаат сите е дека резултатот ќе биде задолжителен.

 

Тоа значи ако референдумот помине, сите ќе имаме задача да се поклониме пред граѓаните, да ја почитуваме нивната волја и да гласаме во парламентот, но и да работиме после тоа на реформите и процесите кои што следат. А во делот на самата формулација на прашањето, секако дека во прашањето ќе биде договорот со Грција, секако дека ќе биде ЕУ и НАТО, но можности има и дали би гласале против договорот со Грција, значи сите опции се отворени, се во зависност како сите политички чинители ќе се усогласиме во државава и како тоа ќе биде извесно, за да граѓаните добијат фер шанса да излезат, да се изјаснат како што мислат како е најдобро за нивната иднина. Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните да гласаат за македонската иднина.

 

Мислењето на граѓаните, наравно преку анкети и истражувања, политичките претставници на граѓаните, тоа е парламентот, сите политички субјекти и партии, заедно ќе пресечеме дали тоа ќе биде консултативен или обврзувачки. Но резултатот од референдумот ќе биде обврзувачки, ние им служиме на граѓаните. Од нив постоиме, од нив сме номинирани и секако должни сме да го спроведиме тоа што граѓаните ќе го одлучат“, изјави Заев.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи