ВИДЕО – Јапонци направија дрон кој менува форми – DRAGON

Истражувачи од лабораторијата JSK на Универзитетот Токио го направија дронот DRAGON, кој е составен од неколку мали дронови и може да се трансформира додека лета. Овој дрон менува форми и тоа сам во однос на просторот кој го истражува.

 

 

Името на дронот е акроним од Dual-rotor embedded multilink Robot with the Ability of multi-deGree-of-freedom aerial transformatiON (двоен ротор вграден во робот составен од повеќе делови со способност за трансформација), односно DRAGON.

 

„Овој модел може да се движи и по земја. Нашиот краен сон е да направиме летачки хуманоид, нешто како ненаоружан Железен човек“ велат истражувачите.

 

Дизајнот е направен на основа на традиционалните змејови во кои опашот е направен од неколку поврзани змејови, а во овој случај тоа се дронови. Секој дрон има неколку вентилатори кои се прилагодуваат во кој било правец.

 

Тимот од научници сега работи на поголем DRAGON, кој ќе има 12 модули и ќе може да се користи како летачка рака затоа што двата крајни дронови ќе бидат како пинцети кои ќе можат да фаќаат предмети. Ваквите дронови ќе може да се користат во индустриски цели или за спасувачки мисии.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи