По 10 години автомобилските трки се враќаат во Крушево

За 4-ти и 5-ти август (сабота и недела) се закажани ридско-планинските автомобилски трки кои после 10 години ќе се одржат повторно на патот с. Острилци до Крушево.

 

Првата трка е закажана за недела (5-ти август) во 11:30 часот, а втората за 13 часот, додека ден претходно во 12 часот е закажан првиот тренинг.

 

Градоначалникот на Oпштина Крушево, Томе Христоски го изрази своето задоволство што после 10 години овие трки се враќаат во Крушево и очекува истите да се одржуваат секоја година.

 

„После 10 години ги враќаме автомобилските трки од село Острилци до Крушево и ќе се потрудиме овие трки да продолжат да се одржуваат секоја година. Со оглед на тоа што Министерството за транспорт и врски ќе го реконструира целосно регионалниот пат од Крушево до Демир Хисар, за наредната година ќе добиеме нов асфалт и со тоа подобри услови за натпреварувачите“, рече Христоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien