Германија го избегна распадот на владејачката коалиција, постигнат е договор околу мигрантите

Facebook
Twitter
Email
Print

Партиите во германската владејачка коалиција постигнаа договор во спорот кој се создаде поради притисокот на баварските конзервативци некои мигранти да се враќаат од германско-австриската граница.

 

„Договорот од А до Ш е онаков каков што еден министер може да посака“, кажа по разговорот меѓу владејачките партии унијата ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) министерот за внатрешни работи од ЦСУ Хорст Зехофер.

 

Геманската канцеларка Ангела Меркел и лидерот на конзервативната група во Парламентот Фолкер Којдер си заминале од зградата на Парламентот малку пред 21 часот по локално време.

 

Меркел пред три дена на состанок со баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) успеа да постигне компромис за миграцијата кој предвидува воспоставување транзитни центри на границата на Германија со Австрија.

 

Бегалците со ова правило би биле сместувани во објекти на граничната полиција со што правно не би стапнувале на германско тло и од таму би биле протерувани во земјите во кои биле регистрирани по влегувањето во ЕУ или, ако тоа не е возможно, во Австрија.

 

Судирот околу постапката кон бегалците кои се регистрирани во некоја друга земја од Европската Унија се закануваше во изминатите недели со распад на Унијата ЦДУ/ЦСУ, а со тоа и на германската влада.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи