Иванов: Заев ја лаже јавноста, нема да го поддржам Договорот со Грција

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот Ѓорге Иванов преку соопштение од неговиот кабинет вели дека најостро ги демантира лагите изнесени од премиерот Зоран Заев во интервјуто за грчката телевизија „ЕРТ“ дека тој ќе го поддржи Договорот со Грција.

 

„Премиерот Заев со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската, туку и грчката и меѓународната јавност. Членството на Македонија во Европската Унија и НАТО, не смеат да се злоупотребуваат за прифаќање на штетен Договор со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ“, велат од претседателскиот кабинет.

 

Од таму додаваат дека „Иванов не прифаќа Договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Македонија и потенцираат дека нема да го поколебаат никакви притисоци, уцени и закани.“

 

Заев во вчерашното интервју искажа уверување дека референдумот ќе биде успешен и дека ќе мора да го почитуваат сите институции во државата.

 

„Референдумското прашање кај нас ќе не стави сите политичари да ги послушаме граѓаните. Тоа значи и власта и позицијата, а и претседателот Иванов. Затоа што ние им служиме на граѓаните. Референдумот ќе биде успешен, јас сум сигурен и на тој начин ќе следуваат понатаму и уставните амандмани и потписот од претседателот на државата за да можеме после тоа да очекуваме и грчкиот парламент да го ратификува договорот“, рече Заев.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи