Над 50 лица загинаа во поплавите во Јапонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Во големите поплави и лизгање на земјиште кои во југозападниот дел на Јапонија беа предизвикани од обилните врнежи, животот го загубија најмалку 50 лица, додека десетици се водат за исчезнати.

 

На околу 1,5 милиони луѓе им беше наредено да се евакуираат од своите домови, додека на дополнителни 3 милиони жители им се советува напуштање на домот.

 

Најтешко погодена е областа Окајама, каде спасувачите се обидуваат да ги извлечат луѓето кои се качени на покривите од поплавените домови, а истовремено вршат евакуација на 360.000 луѓе.

Во одредени делови од Окајама, нивото на водата достигна пет метри, а работата на спасувачите ја отежнуваат автомобилите кои ги носи водата.

 

Најголем е бројот на жртви во Хирошима, каде исто така имаше големи поплави изминатите денови.

 

Војската на загрозените подрачја испрати цистерни со вода, а во спасувачките акции учествуваа 48.000 припадници на полицијата, пожарникари и локалните единици за самозаштита.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи