Параглајдеристка од Кина тешко повредена при пад во Крушево

Четириесет и шест годишната параглајдеристка Ј.Х. од Народна Република Кина вчера се здобила со тешки телесни повреди за време на одржувањето на Полскиот куп во Крушево, во моменот кога таа се обидувала да слета. Игор Тодевски од парагалајдинг клубот „Хели“, кои раководат со Инфо центарот за парајлдери, кој на 29-ти минатиот месец се отвори во Крушево, велат дека натпреварувачката од Кина се повредила стапнувајќи погрешно кога слетувала и моментално се наоѓала во добра здравствена состојба.

 

Инаку случајот во полициската станица Крушево вчера во 13.40 часот го пријавил жител од крушевското село Норово кој забележал непознато лице во селската амбуланта. Од МВР инфромираат дека увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на надворешната канцеларија за криминалистички работи-Прилеп.

 

Инаку Крушево станува светска број 1 дестинација за параглајдинг и змајарство. Само ова лето закажани се 10 меѓународни натпревари на кои се очекува да присуствуваат над 3.000 параглајдеристи и љубители во овој адреналински спорт. Параглајдинг туризмот забрзано станува уште еден препознатлив бренд за највисокиот град на Балканот.

 

Во понеделник воздухопловната Федерација нa Македонија ќе биде организатор на 20-то Европско првенство во змајарство и 8-то Светско Првенство во змајарство.

 

Од воздухопловната Федерација нa Македонија велат дека Крушево ќе биде арена во која што ќе се натпреварува светската елита, а Република Македонија по втор пат ќе биде во фокусот на светската воздухопловна и спортска јавност, како домаќин на околу 200 учесници, пилоти и официјални гости кои што ќе престојуваат две недели во Крушево за време на натпреварите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи