„Црвената фурија“ има нов предводник – Луис Енрике е новиот селектор на Шпанија

Facebook
Twitter
Email
Print

Луис Енрике, поранешен тренер на Барселона, е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија. Одлуката е потврдена и од шпанската фудбалска федерација (РФЕФ).

 

„Едногласно е одлучено за нов селектор да биде поставен Луис Енрике. Ми се допаѓа неговата работа. Имаше и подобри финансиски понуди, но тој реши да ја предводи својата земја“, рече Луис Рубалес, претседател на РФЕФ.

 

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека стратегот потпишал двегодишен договор и ќе има скромна плата за денешни услови која ќе се движи помеѓу 1 и 1.5 милиони евра.

 

Енрике го презема кормилото на „црвената фурија“ од Фернандо Јеро кој, пак, беше именуван како в.д. решение во предвечерјето на Светското првенство во Русија по отказот што го доби Хулен Лопетеги за преговорите со Реал Мадрид.

 

Задачата на Луис Енрике ќе биде тешка – да ја направи полесна транзицијата низ која поминува шпанската репрезентација.

 

Новиот шпански селектор има 62 настапа и 12 гола во дресот на „фуријата“. Како тренер во периодот од 2014 година до 2017 година има две шампионски титули во Примера, една во Лигата на шампиони и три во кралскиот Куп. Тренерската кариера ја започна во Б тимот на Барселона од каде замина во Рома. По една сезона мината во Серија А се врати во Шпанија како менаџер на Селта (2013-2014) по што три години беше на клупата на Барселона.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи