ВИДЕО – Крушево преполно со туристи – започна светското и европското првенство во змејарство

Во Крушево започна 20-тото европско и 8-мото светско првенство во змејарство. На овие натпревари учествуваат околу 130 пилоти од 30-тина држави, а со нив дополнително се дојдени уште можеби 200 лица како придружни членови на тимовите. Над небото во Крушево можат да се забележат фасцинантни глетки со стотици параглајдеристи и пилоти на змаеви кои како да изведуваат совршен танц во воздухот.

 

Ова ќе биде секојдневие над небото во највисокиот град на Балканот во наредните 2 недели. Крушево уште еднаш докажува дека е една од топ 5-те дестинации во светот за развој на параглајдерството и змајарството. Одличните термички услови, рамниите терени за слетување и гостопримливоста се едни од главните фактори за тоа.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ АТМОСФЕРАТА ОД ПРВИОТ ДЕН НА ОВИЕ НАТПРЕВАРИ !

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien