Стечајот можно решение за Еурокомпозит, вработените се согласуваат на решение како во ФЕНИ

Пуштањето под стечај на Еурокомпозит е една од опциите кои е разгледува за трајно решавање на проблемите во оваа државна компанија. Ова денеска го изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев кој истакна дека стечаите не биле секогаш негативни, а тоа се докажало во случајот со ФЕНИ, модел што се планира да се примени и во Еурокомпозит. Според Анѓушев овој модел би бил подобар отколку да се чекало на приватизација на компанијата.

 

„Согласно законските регулативи во Македонија постојат повеќе начини во Македонија да се реши проблемот со Еурокомпозит. Едниот начин е да се направи дју дилиџенс и да се направи тендерска постапка коај што може да трае подолго, а вториот начин е да се искористи механизмот, согласно тоа што сметките на Еурокомпиозит се веќе подолго време блокирани, односно соглчасно законот за стечај тој ги исполнува условите да бидие во стечај, но тоа не го правиме се додека не се најде инвеститор кој што ќе предложи реорганизација на компанијата, онака како што се случи во ФЕНИ. Стечаите не секогаш се негативни, тие се и позитивни. Тој модел ќе се обидеме да го примениме и на Еурокомпозит, тој модел покажа резултат. Во таа смисла доколку најдеме разбирање со инвеститори, а со неколку такви веќе разговараме во овој период, за да не го чекаме долгиот пат на приватизација можеме да го примениме и вториот ззаконски модел за санирање на состојбата во Еурокомпозит. Јас лично сум оптимист дека Еурокомпозит ќе работи како нормална компанија“, истакна Анѓушев.

 

Од синдикатот на Еурокомпозит велат дека ова решение било разгледувано и им било предложено уште додека штрајкувале пред Владата. Тие се согласуваат со тоа да се спроведе истиот модел на решавање на проблемот како во ФЕНИ.

 

„Мислиме дека единствено решение е тоа, да се случи истото со ФЕНИ. Прво да се најде купувач за нашава фирма, да се појде под стечај, купецот да си ја превземе фирмата со обврските спрема вработеноите и доверителите“, истакна Роберт Богданоски, претседател на синдикат на Еурокомпозит.

 

До петок се очекува вработените да добијат по 2 плати, односно по 30.000 денари. Со одлуката на  Владата, Еурокомпозит ќе позајми 11 милиони денари од ЕЛЕМ и МЕПСО. Инаку вработените во „Еурокомпозит“, чии загуби се проценуваат на пет милиони евра, немаат добиено 18 плати и придонеси за изминатите шест години.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien