ВИДЕО – Прилеп подготвен за 16-тиот Пиво фест

Утре започнува 16-тиот по ред Пиво фестивал. Градот е веќе подготвен за една од најголемите забави во Македонија која ќе трае се до 15 јули. За овие 4 фестивалски денови се очекува сите патишта од Македониија да видат за Прилеп. Од Општина Прилеп аплираа до граѓаните и до сите гости да се придржуваат до регуларна и нормална конзумација на храна и алкохол.

 

 

„Сите институции кои ќе се грижат 24 часа на ден во овие 4 дена се подготвени за да биде храната безбедна и сигурна, хигиената на високо ниво, редот и мирот исто така на високо ниво, мислам дека граѓаните треба да се придржуваат и на еколошкиот дел, чистотата и хигиената во градот. Мислам дека овие 4 дена сите заедно ќе живееме, ќе се дружиме, ќе се забавуваме, за тоа ги имаме сите услови за да се одржи оваа голема манифестација“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Од Ентфинити кои годинава се организатори на Пиво фестот велат дека направиле  музичка програма за сите возрасни граници.

 

„Оваа година, за разлика од минатите, имаме процентуално поголема застапеност на македонските артисти, што значи оставаме малку повеќе место и простор за македонската уметност, но тоа не значи дека завршува само на тоа. Имаме прекрасни балкански ѕвезди, што значи можеме сите да упатиме една покана на целиот Балкан, не само во републиката, затоа што ќе го видиме големиот Жељко Јоксимовиќ, кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, го имаме во четврток големото отворање со македонскиот музички амбасадор Кирил Џајковски. Во петок и официјално имаме една убава рок вечер со познатите Црвена јабука и Ван Гог. Така што широките народни маси може да се забавуваат низ текот на целата вечер, гарантираме дека фестивалот ќе помине во најголема прецизност, дека ќе биде добро обезбеден, дека сите институции ќе функционираат како што треба да функционираат, а ние како организатори ќе одговориме на сите барања и на публиката и на претпоставените“, кажа Дарко Манасиевски, претставник на Ентфинити.

 

Од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ветиија беспрекорно одржување на хигиената во градот во 4-те фестивалски денови.

 

„Секојдневно после завршувањето на пиво фестот ќе се мијат сите плоштади, сите улици. Чистотата ќе биде на високо ниво. Обезбедени се некаде 65 луѓе од комуналец што ќе бидат во централното градско подрачје, што ќе ги опслужуваат сите штандови и сета потребна логистика за Пиво фестот. Значи контењерите се појачани на сите места, луѓето, екипите се појачани на сите места со технички средства и гарантираме дека овие 4 дена градот ќе биде чист и уреден за сите посетители што ќе бидат во градот“, рече Звонко Јованоски, директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи