ВИДЕО – „Петровденска радост“, во изведба на „The Reborn of Byzantium”

Православните верници денеска го слават споменот на светите апостоли Петар и Павле, големиот христијански празник – Петровден. Денеска исто така завршуваат и Петровденските пости. Според православната црква Петар беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благословил да го нарекуваат Кифа или Петар. Св. Петар вршеше големи чуда: лечеше болни, воскреснуваше мртви, дури и од неговата сенка се исцелуваа болните. Беше осуден на смрт, но кога виде пред себе крст, ги замоли џелатите да го распнат главечки, бидејќи се сметаше себеси за недостоен да умре како неговиот Господ.

 

Светиот апостол Павле пак според православната црква со пламена ревност го проповедал Евангелието секаде, од границите на Арабија до Шпанија, меѓу Евреите и незнабожците. Го нарекувале и апостол на незнабожците. Откако на многубројни места ја устрои Црквата и откако ја достигна таа мера на совршенство што можеше да рече: „не живеам веќе јас, туку Христос живее во мене“, беше убиен со меч во Рим, во времето на царот Нерон, кога и апостолот Петар.

 

Ансамблот „The Reborn of Byzantium” од Прилеп во повод овој празник во 2015 година ја издаде песната „Петровденска радост“. Да се потсетиме на ова дело изведено во духот на источниот византиски мелос, украсен со македонските народни елементи.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien