Анти-Трамп марш во Лондон – „Бебето Трамп“ лета над градот

Facebook
Twitter
Email
Print

Неколку десетици илјади лондончани денеска излегоа на протестен марш против посетата на американскиот претседател на Лондон. Демонстрантите над поворката го пуштија и познатиот балон Бебето Трамп. Балонот е во облик на портокалово бебе во пелени, со исчешлана коса и мобилен телефон за пишување твитови.

 

Најавите се дека балонот ќе биде пуштен и над Вестминистерската палата, каде се одржува централниот протест, поради имиграционата политика на Трамп, расните односи, непочитувањето кон жените и климатските промени.

 

Организаторите на протестот велат дека за денес се најавени протести во околу 50 градови низ Обединетото Кралство.

 

Трамп допатува во Лондон синоќа, по Самитот на НАТО во Брисел. Тоа е прва посета на Трамп на Велика Британија откако стана претседател на САД.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи