Пронајден брод потонат пред 113 години за кој се верува дека е полн со злато

Руски воен брод, потонат пред 113 години, откриен е близу до брег на Јужна Кореја. Научниците веруваат дека во него се наоѓа злато, во вредност од повеќе од 100 милијарди фунти.

 

Бродот на руската Царска морнарница, „Dimitri Donskoii“, потонат е во битка со Јапонците во мај 1905 година, а пронајден е на само километар од брегот на Јужнокорејскиот остров Улеунгдоа, на длабочина од околу 500 метри.

 

Бродот го пронајдоа истражувачи од Јужна Кореја, Велика Британија и Канада. Со помош на мала подморница, тие успеаја да пронајдат пушки и топови, додека на бродот сè уште е возможно да се прочита натписот на неговото име.

 

„Dimitri Donskoii“, брод кој може да пренесе товар од 6.000 тони, започна да плови во 1883 година во Санкт Петербург.

 

Голем дел од руската царска флота беше поплавена во борбата со Јапонците, а овој брод, кој носеше околу 200 тони злато, потона на 29 мај 1905 година, кога пловеше кон Владивосток. Тогаш починаа 60, од вкупно 591 членови на екипажот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи