Обвинителство отвори предмет по допрен глас за грантовите на Фондот за иновации

По објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас.

 

Од Обвинителството соопштуваат дека преземаат дејствија за утврдување на факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран.​

 

По бурните реакции во јавноста за доделените грантови, од Фондот за иновации и технолошки развој вчера соопштија дека немаат мандат, ниту обврска да вршат анализа на сопственичкиот капитал на компаниите што аплицираат ниту, пак, да вршат процена на нивната политичка подобност. Од таму велат дека целосно стојат зад процедурата и, како што велат, транспарентниот начин на кој е спроведен првиот јавен повик од столбот 3 на планот за економски раст на Владата.

 

Вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец, чии фирми во содружништво со други добија грантови од овој Фонд, по реакциите од јавноста, ги повикаа да се откажат.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien