Богата програма на „10 дена Крушевска Република“ за 115 години од Илинденското востание

Со подигнувањето на знамето на Крушевската и со традиционалните свечености на Гумење во Крушево, в среда вечер, на први август по 51-ви пат ќе бидат отворени Културно-научните средби „10 дена Крушевска Република“, беше соопштено на денешната прес-конференција во Крушево. Манифестацијата годинава е во знакот на 115- годишнината од Илинденското востание и 40 -годишнината од традиционалниот марш на коњаницата.

 

Според градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, оваа значајна манифестација и годинава ќе ги понуди традиционалните содржини, но и бројни културно-едукативни и забавни настани.

 

„Оваа година очекуваме зголемување на бројот на туристите кои ќе го посетат Крушево во рамките на Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ и можеме да ветиме добра забава, многу едукативни настани и разноликост во она што заедно со советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“ го подготвивме, рече Христоски.

 

Свеченото отворање на манифестацијата е на први август од 20,30 часот на Гумење кога и ќе бидат доделени плакети на заслужни за развојот и одржувањето на Културно-научните средби „10 дена Крушевска Република“, и тоа на: „Илинденски марш“ и постхумно, на Христо Христоски Мулар.

 

 

Претходно, на први август, делегации ќе ја посетат Спомен-куќата на Смилевскиот Конгрес и ќе положат свежи цвеќиња цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев. Во Крушево ќе се одржи изложба со традиционални влашки носии, што ја подготви м-р Ванѓа Димитријева-Кузманоска,од Унирвезитет „Гоце Делчев”од Штип. По 18 часот на први август е пречекот на коњаниците пред столбот на Крушевската Република,а потоа коњаницата ќе се движи кон Кумење.

 

Делегации ќе положат свежи цвеќиња  пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули на гробот на Тоше Проески пред Споменикот на партизанските гробишта и во средината во криптата на илинденските востаници. Отворањето на Манифестацијата на први август ќе заврши со импровизираниот напад на Крушево и со богат огномет.

 

На 2-ри август, на Илинден, на Мечкин Камен ќе се обрати претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и, како дел од манфиестацијата, ќе настапат неколку културно уметнички друштва.

 

 

Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ ќе понуди богати содржини до 10 август, меѓу кои: одбележување на влашката култура, манифестација посветена на унгарската култура, театарски претстави, концерти, ридско-брзински автомобилски трки, изложби.

 

Крушевскито градоначалник Христоски ги покани граѓаните од целата земја и туростите да бидат дел од 10-дневната традиционална манифестација во креушево, посебно на 2-ри Август на големата прослава на Илинденското востание и Крушевската Република.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи