ВИДЕО – Во Општина Чашка маркирана спортска патека во должина од 82 км.

Во Општина Чашка вчера се одржа промотивен настан и планинарска тура во рамките на активностите предвидени во проектот „Освои ја Чашка“, кој се имплементира од страна на Здружението за едукација и развој „Едукадо“ од с. Богомила, под менторство на здружението ОК „Златоврв“ од Прилеп. Проектот е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси“ финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ Антико од Скопје. Со проектот се маркираше спортска патека во должина  од 82 км., а вчера на настанот присуствуваа над 200 планинари, спортисти и други љубители на природата.

 

 

„Се наоѓаме во манастирот „Свети Спас“ во Општина Чашка каде што сме дојдени на планинарска акциија и дружење од Прилеп. Одевме со воз од Прилеп до Гостиражни, потоа заминавме за село Стровија и од таму дојдовме во манастирот Свети Спас во село Богомила. Тука е прекрасно, ние сме група од 52 мина, а друга група од 40-тина планинари дојде од страната на Дервен“, рече еден од посетителите на настанот.

 

„Го посетивме водопадот на Бабуна и изворите на Бабуна, нашата група често ја посетува Општина Чашка и секогаш прекрасно си поминуваме тука“, рече друг посетител на настанот.

 

„Денеска уживавме во прекрасната природа на Бабуна, изворите се прекрасни, прв пат сум тука и навистина убаво си поминав“, истакна една посетителка кој за прв пат ја посетува Општина Чашка.

 

„Јас сум трогнат и вџашен од поканата за учество на овој пост фестум ручек од нашата планинарска тура. А уште посебно ми е драго што се наоѓам на територија на Општина Чашка една од најнеоткриените подрачја до радикална убавина. Ако може да се правии градација на убавината има убава, поубава и радикална убавина. Општина Чачка располага со оваа третата убавина. Овде има од врвови над 2.500 метри, многу планински масиви над 2.000 метри, водопади, реки, вештачки езера, богатство од зимзелена и листопадна шума, се за она што во светот се води војна ние го имаме тука“, рече друг посетител восхитен од убавините на овој предел.

 

„Природата тука е навистина прекрасна, има преубави извори, реки, езера, ова беше навистина прекрасен ден поминат со одлични луѓе“, вели еден посетител на турата од САД.

 

 

 

 

 

 

Патеката ќе биде достапна како туристичка понуда и ќе биде поставена на официјалната страна на Општина Чашка. Туристите и авантуристите ќе сведочат за една нова и уникатна патека, додека локалното население ќе има можност да го промовира нивниот локален бизнис како што се ресторани, преноќувалиште, дегустација на храна и пијалаци и слично.

 

Општина Чашка има голем потенцијал за развивање на алтернативниот и руралниот туризам. Регионот претставува мултиетнича, туристичка и спортска дестинација.

 

Оваа ново маркирана патека поминува низ 10 села. Стартот и целта на патеката се наоѓаат во с. Чашка каде е и седиштето на општината. Потоа кругот продолжува по следниот редослед: Лисиче, Дреново, Долно Јаболчиште, Горно Јаболчиште, Нежилово, Капиново, Богомила, Согле и Теово.

 

 

 

 

 

 

Населените места имаат различна географска положба и се карактеризираат со природни феномени (планини, езера, реки, извори и др.) и се карактеристични поради уникатната селска и староградска архитектура. Селата ја имаат задржано автентичноста која ја имале пред еден век и се живи споменици на културата и традицијата.

 

Исто така тие се препознатливи и по нивните религиозни објекти: цркви, манастири, џамии. Селата во овој регион имаат многу нешта со кои се гордеат : победи во историјата, археолошки наоѓалишта, познати личности.

 

Оваа ново маркирана спортска патека во должина  од 82 км. нека биде мотив плус да го посетите еден од најживописните предели во Македонија.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи