ВИДЕО – „Освои ја Чашка“ – промотивно видео за еден од најубавите предели во Македонија

Општина Чашка е еден од најубавите и недопрени предели во Македонија богат со планински врвови високи над 2.000 метри, водопади, извори, реки, вештачки езера, шуми. Поради ова уникатно природно богатство во рамки на проектот насловен како „Освои ја Чашка“, кој се имплементира од страна на Здружението за едукација и развој „Едукадо“ од с. Богомила, под менторство на здружението ОК „Златоврв“ од Прилеп се маркираше спортска патека во должина  од 82 км., а се создаде и едно кратко противно видео за што е тоа што го нуди Чашка.

 

Проектот е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси“ финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ Антико од Скопје.

 

Погледнете дел од убавините на овој предел.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien