ВИДЕО – Производителите на пченица незадоволни од откупната цена бараат интервентен откуп од државата

Интервентен откуп на пченицата, иако е доцна, побараа производителите на лебното зрно од Пелагонискиот, Полошкиот и од Скопскиот регион на денешната средба во Прилеп на Националната федерација на Фармерите на Македонија. Според производителите, се исполнуват законските норми зашто производствената цена од 9,14 денари што ја одреди Министерството за земјоделство е повисока од откупната од 7 до, максимум 8,5 денари каква што е во моментов.

 

 

„Родот на пченицата годинава е едно според проекциите, а друго во практиката. Жетвата на пченицата во Македонија е при крај, но последиците се големи. Имаше град, поолави, ветер. најлошо беше во Штипслиот и во велешкиот регион. Ќетвата е при крај, а ние сме во незавидна ситуација зашто откупната цена е пониска од производствената. Министерството за земјоделство рече дека производната цена е 9,14 денари, но откупната се движи од 7, максимум до 8,5 денари како што е во пелагоиниско. не знам што да правимер, неопкоден е интервентен откуп од државата зашто се исполнуваат законските норми. производната цена од 9,14 денари е повисока од откупната цена“, вели Стеванче Орданоски, земјоделец од Пелагонија.

 

„Цената на пченицата да биде заштитена со минимална цена од 12 денари за еден килограм. бараме да има интервентен откуп иако роковите с епом инати, значи државата треба да не рефундира“, вели Мемед Синани земјоделец од Полошкиот регион.

 

Пролетната проекција за род од 200 000 тони е официјално сведена на откуп на 70 000 тони пченица. Данокот го зедоа нестабилните климатски услови и ниските откупни цени што ги нудат мечничарите. Националната федерација на фармерите бара враќање на градобијните ракети за заштита на земјоделското производство.

 

„Веднаш да се вратат градобијните ракети од кои во минатото имавме придобивки, потос влегување на анти-фроз системите, таканаречените оросувачи и заштитините мрежи и фолии во програмата за рурален развој“, вели Васка Мојсовска, претседател на Национална Федерација на фармери на Македонија

 

Според федерацијата и берзанските цени, Македонија има најниска цена на пченицата во Регионот. Во Хрватска е 8,84, во Србија е 9,12, во Бугарија 10, 55 денари за килограм пченица.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien