Коњаницата од Илинденскиот марш пристигна во Крушево

Во текот на вчерашниот ден, и покрај силниот дожд, коњаницата пристигна во Крушево и со тоа ја продолжи 40-годишната традиција на Илинденскиот марш.

 

Коњаницата беше пречеката од градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој им посака добредојде, а учесниците во коњаницата традиционално пробаа од крушевската погача и црвено вино.

 

Во изјава за медиумите градоначалникот Христоски го честиташе празникот и го изрази своето задоволство од пристигањето на коњаниците од неколку правци во Републикава, а предводникот на коњаниците попознат како Гоце Бозо повика на сплотеност во очи на празникот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien