ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: Наместо живот за сите како што ветуваа, функционерите од СДС донесоа живот за себе и за најблиските

Мора да се признае дека во една работа оваа локална власт е успешна, а тоа е вработувањето на своите најблиски роднини и пријатели, по партиски клуч во Општина, УЈП и други јавни установи, обвинија денес на прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

Слушнете ја вистината за непотизмот и самоволието на советниците и функционерите од СДС, за тоа што точно подразбираат под нов живот.

 

Мора да се признае дека во една работа оваа локална власт е успешна, а тоа е вработувањето на своите најблиски роднини и пријатели, по партиски клуч во Општина, УЈП и други јавни установи. Честопати отворено прашувавме да излезе градоначалникот Јованоски пред прилепчани и да каже колкав е бројот на нововработени во Општина Прилеп, и врз кои критериуми истите се бираа? Дали исполнуваа некои посебни услови што останатите кои аплицирале не ги исполнувале? Дали поседуваат нововработените некои посебни вештини и знаење со кои ќе придонесат за подобрување на услугите, а со тоа и животот во градот? Она што добивме како одговор е еден огромен молк, кој дава потврда дека главен критериум за вработување се роднинската, пријателската и партиската врска со челниците од СДС Прилеп.

 

Прашуваме дали ова се имињата  на нововработените и поставени функционери?

 

1.Миле Талевски- вработен во станбен и деловен простор Прилеп

2.Драги Богојески- Директор на Болница

3.Јулијана Цековска- Раководител на станбен и деловен простор Прилеп

4.Моника Грашеска Илиеска- Претседател на Управен одбор во Болница, чиј сопруг беше директор на ЈКП Пазари

5.Никола Багески-Правник во Водовод

6.Валентин Божиновски- вработен во УЈП

7.Еленче Ташковска-Наставник во ОУ „Кочо Рацин“

8.Цвете Стојановска, внука на градоначалникот вработена во Општина Прилеп

9.Весна Северкоска, ќерка на Жарко Северкоски, вработена во Општина Прилеп

10.Јана Јанеска Ристески, сестра на новинарот Огнен Јанески, вработена во Општина Прилеп

11.Звонко Талески- Директор Прилепско поле

12.Рубинчо Ристески-Локална самоуправа Прилеп

 

Прашуваме повторно која е потребата за нивно ангажирање во овие институции и врз кои критериуми истите се избрани? Дали нивниот ангажман соодејствува согласно нивното образование? И додека дел од народот едвај врзува крај со крај, некои советници се вработуваат и во јавни претпријатија па како резултат на тој непотизам се одлагаат точки на дневен ред на Совет, поради судир на интереси и немање кворум.

 

Почитувани, токму поради оваа и мал милион други причини поврзани со погубните политики на СДС, мора што поскоро да заврши ова нивно владеење. Прилеп заслужува да оди напред како град, кој со правилна кадровска политика, успешно ќе ги исполнува обврските кои спаѓаат во доменот на работа на Локалната самоуправа и јавните претпријатија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien