Унгарска вечер на плоштадот околу Градскиот Саат во Прилеп

Во понеделник на 6 август 2018  во 20.30 часот на просторот околу Градскиот Саат ќе се одржи Унгарска вечер, на која ќе настапат оркестарот „Фокош“ и ГФ „Селенце“. Вечерта ја реалиизиира ЦК „Марко Цепенков“ во соработка со Здружението на Унгарци Телехаз и Амбасадата на Унгарија во РМ.

 

Фолклорната група „Селенце“  е основана во 1994 година како дел од Културното Друштво Шандор Петефи од Бечеј, Војводина. „Селенце“ спаѓа во елитното друштво на фолклорните групи и редовно учествува на најзначајните смотри и натпревари во Војводина, каде редовно се вклучени во гала претставите.

 

Покрај голем број на други награди до сега шест пати е прогласена за „Извонреден национален ансамбл“, а во 2017 градот Бечеј ги одликувал со највисоко општинско одликување.

 

Раководителите на ансамблот се: Кишимре Арпад и Кишимре Серда Ана.

 

Оркестарот „Фокош“ потекнува од Бечеј, Војводина. Формиран е во 2009 година, како оркестар Чикош, а во 2010 година го добива сегашното име. Исклучително ја свири унгарската народна музика од Војводина.

 

 

 

 

Членови на оркестарот се: 

 

  • Серда Балаж – тамбура контра – раководител на оркестарот
  • Балаж Чонка – прим тамбура, хармоника
  • Петер Јовановиќ + контрабас
  • Ласло Штербик – виоина
  • Андраш Сабо – виочина.

 

Четирикатни победници се на државниот натпревар за средношколски оркестри,  а во 2012 година постигнале голем успех и станале полуфиналисти во талент шоуто на најголемата сателитска ТВ станица во Унгарија Дуна ТВ.

 

За заслугите за општината, одликувани се со наградата на градот Бечеј. Издале сопствена плоча (ЦД)  во едно од елитните тонски студија во Будимпешта. Насловот на ЦД-то е „Kiskoromtól nagykoromig“ односно „Од детските денови до возрасна доб“.

 

До сега зад нив се голем број на настапи во странство од кои најважни се по 2 настапи во Виена и Штутгарт, по еден во Лудвигштејн и Руст (Германија) и Тампере (Финска).

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи