Втора детска вело-работилница на Јавен Простор Прилеп во соработка со ПрилепНаТочак

#Јавен Простор Прилеп во соработка со #ПрилепНаТочак на просторот околу Градскиот Саат ја одржаа втората детска вело-работилница на која дечињата цртаа, учеа за правила при возењето на велосипед, се натпреваруваа, а најважно од се одлично се забавуваа и освојуваа медали.

 

„Присуствувавме и на двете вело-работилници и со нетрпение ја чекаме третата. За здравите навики убаво е на дечињата да им се зборува уште од мали нозе, а особено кога има ваков настан кога може да им се демонстрира, не смее да се испушти! Марија и Марта ја научија пораката на работилницата и едната на другата и вели: „Тоци рече бавно да возиме“! Браво за иницијативата!“, рече Зорица Трајаноска, родител.

 

„Прекрасно дружење за најмладите, вело-едуцирање, забава пред се. Дечињата беа полни со ентузијазам, во секој поглед ова е настан кој го поддржуваме. Благодарност до Прилеп на точак и Јавен простор и се гледаме за отприлика еден месец“, кажа Катерина Богевска, родител.

 

 

Задоволни од целиот настан освен родителите се и организаторите чија иницијатива за едуцирање на најмладите наголемо се прифаќа од прилепчани.

 

„Беше прекрасно. Имаше двојно повеќе деца од претходниот пат и нормално забавата беше двојно подобра. Се надеваме дека успеавме да ги анимираме најмладите со  содржини кои  беа прилагодени за нивната возраст. Сите се дружевме а на крајот доделивме и медал. Очекуваме уште побројни и расположени дечииња за дружење по еден месец“, истакна Тоци од ПрилепНаТочак.

 

„Преку интеракција и методи од неформално образование, се запознавме меѓусебно и на најмладите велосипедисти им ги пренесовме правилата за движење во сообраќајот на велосипед, им покажавме како се развивале велосипедите од почетоците до денес, какви типови постојат. Ќе бидеме пресреќни ако на наредната работилница има двојно повеќе насмеани лица, цртежи, велосипеди, тротинети, ролери итн“, вели Киро од ПрилепНаТочак.

 

„Се одржа втората вело-работилница и сум многу возбудена што ќе има и наредна. Ги повторивме истите активности од претходниот пат но овој пат имаше премногу деца. Беше многу забавно’, рече Михаела Богевска од ПрилепНаТочак.

 

„Во центарот на градот имаше вело-работилница за најмладите во која имаше над 20 деца. Се состоеше од воведен дел, презентација за точаци, знаци цртање и трка во најбавно возење“, изјави Елена Јандреовски од ПрилепНаТочак.

 

 

Од настанот беше восхитена и Олга Цурвус, студентка и волонтерка од Полска.

 

„Учеството на настан организиран од Јавен простор Прилеп и Прилеп на Точак, за мене беше ново и многу позитивно искуство. Прекрасно е да се види дека најмладите сакаат да имаат активно учество во јавниот живот и да учат низ забава. Нивната ангажираност во проектот, создадените цртежи и насмеаните лица се најдобар доказ дека вреди за нив се создава простор за развој и дека треба да се поддржат во процесот на растење. Исто така, сакам да нагласам дека фантастична е идејата на целиот Јавен Простор, односно создавањето на еден, заеднички простор во кој се покажува дека секој е важен во создавањето на локалната заедница“, рече Олга Цурвус, студентка и волонтерка од Полска.

 

Прилепчани со нетрпение ја очекуваат и третата вело-работилница на #Јавен Простор Прилеп и #ПрилепНаТочак.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien