Едукативна велосипедска тура до Спомен Куќата на Блаже Конески на Јавен Простор Прилеп и ПрилепНаТочак

#Јавен Простор Прилеп и #ПрилепНаТочак денеска ја одржаа втората едукативна велосипедска тура до Спомен Куќата на Блаже Конески во селото Небрегово. На турата учествуваа 50-тина љубители на велосипедизмот.

 

Предавање за Спомен домот и за животот на Конески пред присутните одржа Миле Спирковски, водич во Домот и иницијатор за негова изградба.

 

Родната куќата на Блаже Конески се наоѓа во селото Небрегово, Општина Долнени, на околу 18 км. од Прилеп. Таа е реконструирана и официјално пуштена во употреба како музеј на 1 август 2005 година. Куќата во изминатиов период е посетувана од голем број посетители како од земјава така и од странство.

 

Во Спомен домот може да се види поставката за творештвото на Конески и една уникатна етнолошка поставка. Блаже Конески според некои рангирања се наоѓа помеѓу тројцата најзначајни Македонци во 20 век, веднаш зад Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков. Конески има освоено голем број домашни и меѓународни награди. Тој бил член и на повеќе научни академии и почесен доктор на повеќе универзитети во голем број држави.

 

Од Јавен Простор Прилеп и ПрилепНаТочак истакнаа дека оваа нивна соработка и запознавањето на знаменитостите во околината на Прилеп ќе продолжи и во идинина. На првата ваква едукативна тура прилепчани имаа можност да научат нешто повеќе за археолошкиот локалитет Стибера.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien